еМагазин
Image default
Македонија

Кривичен суд се уште не побарал асистенција од МВР за приведување на Груевски

Поранешниот премиер, Никола Груевски, го обезбедуваат шестмина припадници на Шестата управа, но засега не знае каде е и се уште не е му е врачена одлуката на Советот на Кривичниот суд за одбивање на неговата жалба на отслужување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

Согласно Законот за дополнување на Законот за Влада и Уредбата за личностите и објектите, што се обезбедуваат, видовите на мерки и степените на обезбедување, Одделот за заштита на определни личности и објекти со вкупно шест полициски службеници презема мерки и активности за физичко обезбедување на Никола Груевски, како поранешен премиер.

Сепак, како што појаснија правни експерти за МИА, шестмината полициски службеници не се 24-часовно ангажирани за неговото обезбедување, односни работните задачи ги извршуваат во зависност од потребите на личноста.

Согласно Законот поранешен премиер правото што произлегува од членот 14, а може да го остварува во период ист со времетраењето на извршувањето на функцијата претседател на Владата и почнува да го остварува од денот на престанување на функцијата.

Никола Груевски премиерската функција ја извршуваше од 26 август 2006 се до 18 јануари 2016 година, значи тој десет години има право на обезбедување.

Откако во петокот беа направени три обиди од судски курири да му ја врачат одлуката, обиди се прават и денеска.

-Судските служби во текот на денешниот ден прават нови обиди да го достават решението на Кривичниот совет, со кое се одбива жалбата против решението на судија за извршување санкции за одложување на двегодишната затворска казна за Никола Груевски, со што би се комплетирала доставата. Доколку доставата не се комплетира, како што е наведено во соопштението од Кривичниот суд, судијата за извршување санкции може да презме дополнителни мерки согласно Законот за извршување санкции, се наведува во соопшението на Кривичен.

Обиди да се пронајде ќе се прават до завршување на денешниот ден, а потоа се отвора можноста за активирање на полицијата.

Судот има право, ако оцени дека бега, се крие, одбегнува, да превземе мерки преку полицијата, како присилно приведување, а ако и тоа не е можно ќе се распише потерница по него.

Поранешниот премиер нема пасош, а исто така е под мерки на претпазливот, поради судските процеси кои се водат против него. Пасошот му е одземен на 3 јули 2017 година со одлука на Кривичен, а на барање на СЈО за случајот Титаник, за кој ново рочиште е закажани за в среда.

Мерката претпазливот ја потврди и Апелацискиот суд на 23 јули и тој еднаш месечно треба да се јавува во Кривичен суд.

Екс премиерот се јавува како осомничен во неколку случаи отворени од СЈО, Насилство во Центар, Титаник, Траекторија и Талир.

За случајот „Тенк“ веќе е осуден на двегодишна затворска казна, а Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ги одби во петокот жалбите на Груевски и неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции, со кое треба да се јави во затворот во Шутка за издржување на казната.

Според пресудата тој е виновен за злоупотреба на службената положба и овластување, како и за „примање награда за извршување противзаконито влијание“. Во овој случај тој е обвинет дека како премиер побарал од екс министерката Гордана Јанкуловска спроведување на незаконска јавна набавка за ново блиндирано возило, кое било набавено затоа што Груевски сакал да се вози со такво возило, но не саклал јавноста да знае за тоа“.

Тој до моментов, како што веќе потврди за МИА директорот на затворот во Шутка, Ѓоко Котевски, се нема пријавено таму. Котевски посочи дека од затворот изутрината го известиле Кривичен дека Груевски не се појавил доброволно во законски предвидениот рок.

МИА/фото: Фејсбук/Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што го чека Груевски во затвор: Туширање еднаш неделно, наутро треба да си го мести креветот, да прави генералка на собата во сабота…

Груевски и во затвор ќе зема пратеничка плата и ќе му тече работниот стаж

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

541 санкција за неносење заштитна маска

Редакција

Затвореник ранил затворски полицаец и побегнал додека го носеле во болница

Редакција

Миле Јанакиески пуштен во домашен притвор

Редакција