еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична одговорност за работодавачите за непочитување на препораките за корона вирусот: Пријави на 151-31

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги повикува сите работодавачи и сите вработени строго да се придружуваат до мерките кои Владата ги донесе за превенција од ширење на болеста Ковид-19 (корона вирусот).

„Укажуваме дека согласно заклучоците, физичките и правните лица што не ги почитуваат и кои ги прекршуваат препораките ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Секое непочитување на препораката за ослободување од работни обврски на еден од родителите на деца до 10 годишна возраст (или активно 4 одделение), хронично болни согласно препораките на Комисијата за заразни болести и бремени жени, да се пријави во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151-31“, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Од МТСП апелираат сите граѓани да се придржуваат до препораките, бидејќи како што велат, само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме заедничкото здравје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детална листа: Владата донесе нови мерки и препораки за превенција на корона вирусот

Кои се симптомите и како да се заштитите од корона вирусот?

„Ако се чуваш ти, ги чуваш и другите“: Твитер реакции за корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) „Оставка на Заев, слобода на народот“: ВМРО-ДПМНЕ протестираше во седум градови

Редакција

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Редакција

Пристигна колекцијата есен – зима: Луис & Кларк во новата кампања за мултибрендот FASHION&FRIENDS

Редакција