еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава против обезбедувачот во „Сити мол“ за лажна пријава на бомба

Одделението за насилен криминал во Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје, поднесе кривичнa пријавa против П.Ц.(20) од Скопје осомничен за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.

„Пријавениот, вработен како обезбедување во Трговскиот центар „Сити Мол“ преку агенција за обезбедување, појаснуваат од МВР, на 29 месецов во 11.53 часот, додека бил на работа, со намера да се пошегува со својот претпоставен, од својот мобилен телефон му испратил порака „напуштете го молот веднаш, има бомба!“.

Веднаш потоа, неговиот претпоставен пријавил во полиција и била организирана евакуација на трговскиот центар, а екипа од Одделот за антитероризам при МВР извршила пребарување и проверка на целиот објект, при што било утврдено дека во објектот нема поставено експлозивна направа, односно дека станува збор за лажна дојава.

Во просториите на Полициската станица Кисела Вода, истиот ден полициски службеници извршиле разговор со пријавениот и од него бил одземен мобилниот телефон како доказ.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му се одредени мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна исправа и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело,“ се вели во соопштението на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одредени мерки на претпазливост за обезбедувачот во „Сити Мол“ кој пријави лажна бомба

СДК: Вработен во обезбедувањето на Сити мол пријавил бомба за да го зафркава шефот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет имале неисправни сопирачки: СВР Тетово за неколку часа откри дури седум неисправни автобуси

Редакција

Радовишанка убедила девојка да и даде злато, па избегала

Редакција

Чудесна Македонија: Скопјанец сам ја ограбил фирмата за која работи, па пријавил разбојништво-приведени две лица

Редакција