еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава против трујачите на кучиња во Пехчево

Поради основани сомненија и докази за сторени кривични дела, труење и закопување живи кучиња, здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ денеска заедно со Здруженијата „ЕДЕН“, „Daisy Family Rescue“ и „Helping strays in Ohrid, Macedonia“ поднесе кривична пријава против непознати сторители вработени во ЈКП „Комуналец“ ПО Пехчево и Општина Пехчево.

– Кривичната пријава против гореспоменатите субјекти ја поднесуваме поради основано сомнение дека во деновите, 19 и 20 февруари 2019 година, околу пладне во Пехчево, НН лица вработени во ЈКП „Комуналец“ ПО Пехчево со помош на вили и градежна механизација подигнувале од улица, а потоа и затрупувале со земја, живи бездомни и домашни кучиња, кои претходно биле затруени.

Од видеоматеријалот што го доставивме до надлежните органи јасно се гледа дека неколку кучиња меѓу кои домашни миленици и бездомни, се собирани со вили и со помош на градежна механизација се фрлени во дупка каде се гледа дека во состојба на видно грчење биле во агонија предизвикана од отровот, со што немале можност да избегаат, така што на тој начин биле осудени на сурова и мачна смрт, информира „Анима Мунди“.

Случајот со труење на животните, како што соопшти градоначалникот на Општина Пехчево, Драган Тренчовски, е пријавен во полиција. Со тоа се отфрла можноста за каква било вмешаност на Општината во наведените активности.

– Забележано е труење на кучиња и како што беше најавено имаме објавено на веб-страната на општина Пехчево за тоа дека се преземаат соодветни мерки во случајот покрената е истрага. Во интерес на истрагата решивме да не излегуваме со други коментари.

Откако ќе заврши истрагата ќе добиете соодветни извештаи од соодветните институции. Навистина срамно е во 21 век, кога се стремиме кон една европска модерна општина, да се случуваат вакви работи.

Ние ќе преземеме се што е во наша надлежност да го расчистиме тој грозоморен чин и се надевам дека на крај виновниците ќе излезат на крај и ќе сносат одговорност пред соодветните институции, изјави Тренчовскиза МИА.

За труењата на кучиња во Пехчево пред неколку дена алармираа загрижени жители кои за МИА изјавија дека ваквата појава трае веќе извесен период.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Пехчево: Апелираме труењето на кучињата да запре веднаш

(Вознемирувачко видео) Помор на кучиња во Пехчево, комуналните служби со багери ги собираат и фрлаат, закопуваат додека се уште живи!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Измамен гастербајтер: Му дал 20.000 евра за изградба на куќа и никогаш не го видел

Никола Осило

Безбедни на планините во Охрдискиот регион: 13 112 е нов број за СОС-повици

Редакција

Кои се најдобрите трговски објекти во Скопје за апарати за домаќинство, бела техника и се за дома

Редакција