еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за директорката на Високата медицинска школа во Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Р.(58) од Битoла поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „повреда на правата од работен однос“, информира МВР.

На 23.05.2018 година, пријавената, како директор на Високата медицинска школа, постапила спротивно на Законот за работни односи.

„Со злоупотреба на својата службена положба донела решение за престанок на работниот однос на вработената Е.Р.П., иако одлуката по предметот донесена од Управниот суд се уште не била правосилна, со што на именуваната и ги повредила правата од работен однос“, информира МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гостиварка го пријавила сопругот дека ја принудувал на проституција

Редакција

Со закана му одзел златно ланче на малолетник во автобус на ЈСП

Редакција

Се тепале на улица поради нерасчистени долгови

Редакција