еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за гостиварец кој му се заканувал на полицаец преку Фејсбук

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.Ч.(40) од Гостивар за сторено  кривично дело “загрозување на сигурноста“, информира МВР.

На 09.12.2018 година пријавениот, поради настан од 2012 година во кој над истиот биле преземени службени дејствија од страна на полициски службеник од Полициска станица Гостивар, преку телефонски  пораки и на социјалната мрежа “Facebook”, упатил  закани по животот на полицискиот службеник и животот на членовите на неговото семејство, а потоа на 13.12.2018 година на социјалната мрежа “Facebook”, пријавениот објавил слика од оштетениот, во прилог на која навел коментар со  заканувачка содржина кон истиот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бегајќи со „бмв“ полно со 100 килограми марихуана удрил полициско возило

Редакција

Полог стана „куплерај“: Откриени 124 танчарки и придружнички од Украина, Русија, Шведска, Србија, Молдавија….

Редакција

Пожарот на Скопска Црна Гора се уште активен, ангажирани авиони на Дирекцијата за заштита и спасување

Редакција