еМагазин
Image default
Спорт

Кривична пријава за Илчо Ѓорѓиоски, поранешниот претседател на ФФМ

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, доби кривична пријава од Управата за финансиска полиција, која го товари за даночно затајување и за фалсификување или уништување на деловни книги.

Кривична пријава има и за ФФМ поради делата што ги направил Ѓорѓиоски. 

“И.Ѓ. во својство на претседател на правниот субјект „Фудбалска федерација на Македонија“, во периодот од 1 јануари 2017 до 27 февруари 2018 година, со цел правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист, свесно и со намера во име и за сметка на второпријавната „Фудбалска федерација на Македонија“ прикажал лажни и невистинити податоци во завршната сметка за 2017 година, кои ги поднел на 27 февруари лани до Управата за јавни приходи и Централниот регистар, за што во сметководствената евиденција не извршил отпис на ненаплатените побарувања од купувачите постари од три години, и тоа од ликвидираниот непостоечки правен субјект АД Тобако Скопје износ од 10.639.293 денари, како и од правниот субјект АД Југохром Јегуновце износ од 6.169.832 денари или вкупни побарувања во износ од 16.809.125 денари“, соопшти денеска Управата за финансиска полиција.

За да го оствари тоа, посочуваат од Управата, пријавениот И.Ѓ. спротивно на член 9 од Законот за данок на добивка во даночниот биланс не ја зголемил даночната основица во однос на непризнаени расходи за даночни цели, за кој износ не пресметал и не платил данок на добивка, со што второпријавената „Фудбалска федерација на Македонија“ се стекнала со противправна имотна корист од 1.680.912 денари, за кој износ го оштетиле Буџетот на државата.

Фото: Фејсбук/Илчо Ѓорѓиоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Македонските фудбалери заминаа за Букурешт, еве со кој се ќе играат

Редакција

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски освои злато на Балканско првенство во Турција

Редакција

Владата воведува даночни ослободувања за спортски федерации, клубови и активни спортисти

Редакција