еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за кичевец кој не се придржувал кон обврската за самоизолација

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.З.(53) од кичевското село Пласница.

Како што соопшти МВР, тој утрово во 08.45 часот е забележан како управува патничко возило „фиат пунто“, со кичевски регистарски ознаки, на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево, по што полициски службеници го сопреле возилото.

Притоа е утврдено дека М.З. на 16.03.2020, на граничниот премин „Табановце“, при влез во државата, своерачно под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од Република Словенија, која според Листата од СЗО е зафатена од епидемијата со коронавирус COVID – 19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом, во с.Пласница, ќе спроведе задолжителна самоизолација.

Пријавениот не се придржувал до одредбите во изјавата, ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID – 19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Секој граѓанин што ќе излезе од државата ќе потпише изјава дека следните 3 месеци нема да се врати

Обвинение за мајка и ќерка од Струмица кои не ги почитувале мерките за изолација: Се расправале со полицијата

(ВИДЕО) Полицијата го ограничува движењето низ Солун, нема шетање покрај море

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР со детали: Приведен личниот возач кој сакал да изнуди 150.000 евра

Редакција

Крвав крај на пресметка меѓу врсници: Малолетник убиен со нож во Лисиче

Редакција

Драчевчанец си ја бара сопругата

Редакција