еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за нотар кој за 450 денари издавал лажни акти

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.А.(41) од село Матејче, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“ и против В.Ј.(62), од село Матејче поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

На 14.03.2019, првопријавениот, нотар, постапил спротивно на одредбите од Законот за нотаријатот, при што за сума од 450 денари изготвил нотарски акт со невистинита содржина, на начин што навел дека М.Р. од село Матејче го овластил второпријавениот да го застапува пред Отсек за управни работи Куманово, иако М.Р. во време на составување на нотарскиот акт бил во странство.

Притоа, второпријавениот како примател на полномошно лажно се потпишал во име на М.Р., по што ваквиот нотарски акт го употребил во правниот сообраќај пред Отсек за управни работи Куманово во врска со постапката за издавање на уверение за државјанство на М.Р..

Во друг случај, СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.А.(41) село Матејче, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“ и Р.Р.(55) од село Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

На 11.03.2019,  првопријавениот, нотар, постапил спротивно на одредбите од Законот за нотаријатот, при што за сума од 450 денари изготвил нотарски акт со невистинита содржина, на начин што навел дека Ќ.Р. од с.Липково го овластил второпријавениот да го застапува пред Отсек за управни работи Куманово, иако Ќ.Р. во време на составување на нотарскиот акт бил во странство.

Притоа, второпријавениот како примател на полномошно лажно се потпишал за сметка на Ќ.Р., по што ваквиот нотарски акт го употребил во правниот сообраќај пред Отсек за управни работи Куманово во врска со постапката за издавање на уверение за државјанство на Ќ.Р..

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во невремето кое го зафати Делчево нема повредени, причинета е само материјална штета

Редакција

Тетовчанка му носела хероин на синот во затвор

Редакција

Од утре намалени цени на ски-билетите на Попова Шапка

Редакција