Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.З.(27) и З.Н.(27), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“,информира МВР .
Б.З. бил приведен и предаден на Основно јавно обвинителство во Скопје за понатамошна постапка, а се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на уште едно лице кое учествувало во кривично-правниот настан.
На 22.10.2018 година било пријавено дека истиот ден во село Батинци, скопско, З.Н., Б.З. и уште едно непознато лице пукале кон патничкото моторно возило „БМВ Х5“, со кое се движел Р.С.(36) од село Батинци, но во настанот нема повредени лица.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.