еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за поранешниот началник на пазарниот инспекторат во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.Б.(45) од Охрид зпоради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување”, информира МВР.

Во октомври 2014 година пријавениот, како началник на одделението на државниот пазарен инспекторат во Охрид, од О.Ф. од Скопје, сопственик фирма од Скопје, побарал да исплати фактура во износ од 35.900 денари кон друга фирма од Охрид.

Потоа, во декември 2014 година пријавениот, повторно од О.Ф. побарал да исплати фактура во износ од 40.532 денари кон наведеното правно лице. Во текот на 2015 година, пријавениот, од О.Ф. побарал да исплати фактура во износ од 60.000 денари кон хотел во Охрид, при што тој одбил да ја исплати истата. По ова, во деловен објект фирмата на О.Ф., од страна на вработени во државниот пазарен инспекторат бил констатиран прекршок при што била изречена соодветна глоба. Поради тоа, О.Ф. повел судска постапка во која било утврдено дека прекршоците констатирани од државниот пазарен инспекторат не биле направени, по што било поништено решението на државниот пазарен инспекторат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Студенти вадат лустери и пијат од нив и кршат прозорци: Нови снимки од демолирањето на хотелот во Охрид

Редакција

Штипјанец го искинал гласачкото ливче на сопругата

Редакција

Затвореник тешко повредил „колега“ од кумановскиот затвор

Редакција