еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична пријава за забавата во струмички „Аватар“, оттаму обвинуваат за селективност

Пазарниот инспекторат ќе пријави ноќен клуб од Струмица заради непочитување на прописите, менаџменот вели дека работат како кафе бар

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски изјави дека по петочната контрола на „Аватар“ во Струмица утре ќе биде поднесена кривична пријава до Jавното обвинителство заради непочитување на здравствени прописи за време на епидемијата на Kовид-19.

„Инспекторите беа таму во петокот навечер, подготвен е записник и ќе биде поднесена кривична пријава заради тоа што ниту еден ноќен клуб во моментот не смее да работи“, информираше директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Од менаџментот на „Аватар“ велат дека работат како кафе бар и на отворено и дека се придржувале до сите протоколи и прописи.

„Сакаме да ги демантираме информациите во кои се вели дека сме ноќен клуб. Не се работи за ноќен клуб туку за кафе бар. Објектот е на отворено и работи согласно сите законски прописи.

Масите се на соодветно растојание, на сите има средства за дезинфекција, вработените постојано носат заштитните маски. Ние немаме надлежност да бараме гостите да носат лична заштита, тие самите одговараат за себе. Работиме на исти начин како и сите други угостителски објекти во градот.

Не сме единствените, скоро во секој втор локал во градот, кој е за неколку пати помал од нашиот, има слични забави, но за тоа никој не реагира и не споделува фотографии и видеа по социјалните мрежи.

Никој не реагира ниту за мешаниците што се прават на јавните површини каде треба да биде простор за движење граѓаните има поставено маси, а потребното растојание воопшто го нема, изјавија од „Аватар“.

Инаку, освен во Струмица инспекторите чешлале и други објекти во неколку други градови во државата.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Журки“ без маски во струмичкиот клуб „Аватар“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се спои ли Стопанска банка Битола со Комерцијална, рокот за изјаснување за понудата истече

Редакција

Горивата поскапуваат за 1 денар

Редакција

Хашим Тачи обвинет за воени злосторства: Жртви Албанци, Срби и Роми

Редакција