Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(50) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ и „фалсификување исправа“, информира МВР.
На 13.03.2019 година на социјалната мрежа „Facebook”, од негов профил пријавениот објавил заканувачка содржина, а по преземени мерки, на 20.05.2019 година во Кочани, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле фалсификувана патна исправа и лична карта од Република Словенија на кои била поставена фотографија од пријавениот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.