еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за Ацо Спасеновски, како министер за земјоделство овозможил незаконска исплата на 7,3 милиони денари

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот министер за земјоделство, Ацо Спасеновски.

Спасеновски се товари за злоупотреба на службената положба и овластување. Во својство на министер, во 2009 година овозможил исплата на 7,3 милиони денари за наводни научни истражувања, информира Финансиската полиција.

Кривични пријави се поднесени и против сопственикот на „Меѓународен Агро Консалтинг“, А.Ѓ., како и против правното лице „Меѓународен Агро Консалтинг“.

-Првопријавениот А.С. во својство на министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во текот на 2009 година потпомогнат од второпријавениот А.Ѓ, сопственик и управител на третопријавеното правно лице Меѓународен Агро Консалтинг, ја злоупотребил својата службената положба и овластување на начин што дал налог и исплатил фактури во вкупен износ од 7.338.551 денари за што биле доставени и примени во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вкупно 27 невистинити извештаи за „извршено научно и мониторинг истражување“, односно овозможил третопријавеното правно лице да стекне противправна имотна корист од 7.338.551 денари, за кој износ го оштетиле Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, информира Финансиската полиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На аеродромите во Скопје и Охрид, пораст на превезените патници за 41%

Редакција

Вечерва средба на Ковачевски со коалициските партнери за влезот на Алијанса за Албанците во Владата

Редакција

Убава вест: 329 оздравени од Ковид-19

Редакција