еМагазин
Image default
Македонија

Кривична за полициски службеник за примање поткуп

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесена кривична пријава против скопјанецот С.С., полициски службеник во полициска станица при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.

– На 26.07.2022, при вршење службени дејствија на автопатот Скопје – Миладиновци, при контрола на патничко возило, пријавениот побарал и примил 2.000 денари од лице за да не изготви записник и прекршочен платен налог за сторен и констатиран сообраќаен прекршок, информираа денеска од МВР.

Од таму појаснуваат дека после тоа, оштетеното лице го пријавило случајот во полициска станица, а по преземени мерки било утврдено дека пријавениот го сторил делото и му е поднесена кривична пријава.

Воедно, од Одделот за внатрешна контрола поднесена е иницијатива за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност и предлог за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи му рекол на бугарскиот колега Кондов оти споредбата на Бугарија со Русија на Ковачевски се однесувала само за конкретни политичари

Редакција

Блокадата на Бугарија носи опасност и за Преспанскиот договор, чија имплементација зависи од интеграцијата во ЕУ, вели Шекеринска

Редакција

Бугарија не може да добие формулар како се изјасниле нејзините државјани на пописот во Македонија

Редакција