еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за злоупотреба на службена положба за поранешен градоначалник

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ј.П.(53) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”, информираат од МВР.Како што соопшти МВР, пријавениот, во својство на овластено лице – градоначалник, во периодот од 2011 до 2015 година во повеќе наврати ја злоупотребил својата службена положба со пречекорување на границите на своето службено овластување и постапил спротивно на Законот за јавни набавки.

-Во 2011, 2012, и 2013 година донел три Решенија за јавна набавка за сервисирање на хардвер, софтвер и мрежа во вкупен износ од 802.400 денари, но и покрај тоа набавил и платил стоки и услуги во износ од 184.192 денари повеќе од предвидените парични средства од Буџетот и надвор од донесеното Решение за јавна набавка за сервисирање на хардвер, софтвер и мрежа.

Исто така, пријавениот во текот на 2014 година има донесено Решение за јавна набавка на делови за патнички моторни возила и нивна поправка и одржување, но и покрај тоа сепак набавил и платил стоки во износ од 25.623 денари повеќе од предвидените парични средства за таа намена и надвор од донесеното Решение од негова страна, информираат од МВР.Оттаму посочуваат дека пријавениот за наведениот период со економски оператор извршил набавка и платил стоки и услуги во вкупен износ од 440.781 денари иако знаел и бил свесен дека стоките и услугите воопшто не се предмет на Договор за спроведени јавни набавки, додека со друг економски оператор извршил и платил стоки и услуги во вкупна вредност од 200.491 денари иако знаел дека платените стоки и услуги воопшто не се предмет на спроведена јавна набавка на склучен Договор за јавна набавка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ниту еден криминал во Македонија не е без знаење, учество и согласност на раководствата на партиите, вели Куновска по ставањето на Мерко на црната листа

Редакција

Ковачевски: Парадата на гордоста е едно од значајните демократски случувања во Македонија

Редакција

(Видео) 11-годишно девојче со продажба на крофни собра пари за лекување на нејзиниот татко и го воодушеви Балканот

Редакција