еМагазин
Image default
Локално

Кривични пријави за двајца поранешни функционери од Агенцијата за управување со одземен имот

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(48), Л.П.(57), двајцата од Скопје, Н.Ф. од село Долно Свиларе, општина Сарај и Б.А.(35) од село Глумово, општина Сарај, поради постоење онови на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, информира МВР.

Во периодот од 04.04.2011 до 31.08.2012 година првопријавениот и второпријавената, како раководители во Агенцијата за управување со одземен имот на Република Македонија, третопријавениот, како помошник раководител во Агенцијата за управување со одземен имот на Р.М. и четвртопријавениот, како директор на Агенцијата за управување со одземен имот на Р.М., спротивно на Законот за управување конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, не постапиле по судска пресуда за конфискација на движен и недвижен имот на Н.С. и Б.С., двајцата од Куманово, со што нанеле штета на Буџетот на Република Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Работник од Штип почина при пад во каменолом

Редакција

(Фото) Прогнозите се остварија: Снег на Попова Шапка

Редакција

Му го запалиле „Мерцедесот“ сред катна гаража

Редакција