Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.Н.(49), И.С.(58) и И.Н.(53), сите од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, информира МВР.
Пријавените, како сопственици и инвеститори, во текот на 2019 започнале со изградба на објекти за домување на неколку катастарски парцели во Струга, без одобрение за градба.
Фото: Општина Струга
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.