еМагазин
Image default
Македонија

Ѓоко Поповски повторно доби девет години затвор за „Триста„

Кривичниот суд денеска на повтореното судење ја потврди казната од девет години затвор за поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски, кој е обвинет за злоупотреба на службената положба во случајот „Триста“.

Судијката Добрила Кацарска, која е на чело на Судечкиот совет, повторно му ја одреди истата пресуда на Поповски.

Поповски беше осуден на казна затвор од девет години на 22 мај лани, но Апелациониот суд ја укина пресудата и случајот го врати на повторно судење во Кривичниот суд.

Тој е обвинет дека злоупотребувајќи ја службената положба и овластување извршил набавка на 300 возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година и го оштетил буџетот на МВР за 453.570 евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Крушево се отвора пункт за тестирање од Ковид-19

Редакција

Без симптоми 27,6% од заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција

Советникот на ДУИ, Усеини и брат му понудиле по 10 илјади евра за да излезат од притвор

Редакција