еМагазин
Image default
Македонија

Кривичниот суд чека мислење од Обвинителството да се произнесе за екстрадицијата на Морина

Министерството за правда до Основниот кривичен суд – Скопје, доставило барање со целокупната пропратна документација за произнесување на Судот во однос на постапката за екстрадиција на поранешниот член на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Томор Морина, за кој на 25 јули годинава беше прифатен предлогот за определување мерка притвор заради екстрадиција по распишана меѓународна потерница.

„Судијата на претходна постапка, согласно законските одредби, барањето ќе го испрати на мислење во надлежното Обвинителство, а по добивање на мислењето Судот ќе се произнесе и одговорот ќе го достави до Министерството за правда, кое е надлежно во понатамошниот дел од постапката за екстрадиција“, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје.

Воедно, како што стои во соопштението, денеска е добиено барање за посета на притвореното лице од страна на претставници на Косовската амбасада во Скопје, кое барање согласно член 178 од ЗКП, им е одобрено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Оваа е таа подвоеност на владата и судството?“: Османи и Нухиу на „тапет“ на Твитер за Морина

Камо да се ангажираше Османи за македонските граѓани како за Морина

Османи лично се ангажирал да се ослободи Морина, поранешен припадник на ОВК

Притвор за Томор Морина, кој беше уапсен во Македонија по потерница на Интерпол-Србија

Заев: Мора да се почитува домашното и меѓународното право, Морина ги има сите права

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Триесетина партии се обединија за позитивен исход на референдумот

Редакција

Основните јавни обвинителства во Скопје, Гостивар и Кавадарци добија нови обвинители

Редакција

Раст од 3,7%: За една недела 2.804 нови случаи на Ковид-19

Редакција