еМагазин
Image default
Македонија

На Груевски ќе му се суди и за „Белата палата„: Одобрен обвинителниот акт за „Талир 2“

Кривичниот суд денеска на јавна седница го одобри обвиненителниот акт за случајот „Талир 2“, кој се однесува на незаконска изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ и го доставила до странките.

-Советот за оценка на обвинителен акт кој постапува по актот со НСК КО 15/18 од 22.11.2018 од обвинителството означен како „Талир 2“, на 10 и 11. 07. 2019 година одржа јавна седница во присуство на странките.

По ценење на фактите и доказите изведени на седницата за оценка на обвинителниот акт советот донесе решение со кое актот го одобри во целост, писмено го изработи и го експедира до странките, се вели во денешното сооштение од Кривичниот суд.

Откако по оценетиот обвинителен акт ќе биде формиран предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување и ќе биде закажан термин за главна расправа странките.

Во случајот „Талир 2“ се обвинети Никола Груевски и Кирил Божиновски, кои, според СЈО, со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, иако правното лице во времето на обезбедување на услугата имало склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Пред судот веќе се води постапка за предметот „Талир“ за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Според обвиненителниот акт од СЈО, обвинетите во „Талир“ незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 682 оздравени од Ковид-19

Редакција

Ковачевски и владина делегацијa на Конференцијата за безбедност во Минхен

Редакција

Талат Џафери стана почесен граѓанин на албанската Општина Лежа

Редакција