еМагазин
Image default
Локално

Кривични пријави против три лица за малверзации во ТЦ Бисер

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.И. (64), Д.Ј. (66) и Д.В.(46), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353, а во врска со член 45 од Кривичниот законик. А.И. и третопријавениот Д.В., управители на Друштвото за услуги и трговија „ТЦ БИСЕР“ ДООЕЛ од Скопје и второпријавениот Д.Ј., претседател на „Здружение на сопственици на деловен простор за одржување на ТЦ Бисер“ од Скопје, во периодот од 2013 до 2018 година, сукцесивно во повеќе наврати, во име и за сметка на правното лице Друштво за услуги и трговија „ТЦ Бисер“ ДООЕЛ од Скопје, како закуподавач, склучиле „Договори за издавање под закуп за користење на површина на дел од платформата- терасата“ со 16 правни лица-закупци за вршење дејност надвор од деловен простор за различен временски период, површина и цена за користење на просторот по метар квадратен, иако знаеле и биле свесни дека Друштво за услуги и трговија „ТЦ Бисер“ ДООЕЛ од Скопје не е сопственик на површините кои се предмет на склучените договори за давање под закуп, информира МВР.

Врз основа на склучените договори и по основ закупнина правните лица на сметка на ДУТ „ТЦ БИСЕР“ ДООЕЛ Скопје уплатиле вкупно 10.052.285 денари.

Првопријавената во вкупно 36 наврати склучила исто толку договори за издавање под закуп за користење на површина на дел од платформа- тераса со 12 правни лица како закупци.

Второпријавениот во два наврати склучил договори, додека третопријавениот сукцесивно во вкупно девет наврати склучил исто толку договори за издавање под закуп за користење на површина на дел од платформа- тераса.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе нема тестирање за „Орце Николов“, учениците ќе бидат примени

Редакција

Загина велосипедист во Гостивар удрен од камион мешалка

Редакција

70-годишен кавадарчанец се обидел да силува малолетничка

Редакција