еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Крпен студентски живот: Еден килограм свинско и 472 грама говедско месо месечно на секој станар на студентските домови

На денешниот настан во „Европска куќа“, МОФ ги презентираше двете истражувања за студентски стандард, и тоа: како се трошат средствата на Државниот студентски дом Скопје и Перцепции за корупција на станарите во ДСД – Крпен студентски живоt.

Целта на овие две истражувања е да се види и утврди во колкава мера буџетот на ДСД и неговото трошење на ги задоволува потребите на станарите во „Кузман Јосифовски – Питу“, „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“.

Просечниот буџет изнесува 3,5 милиони евра, за 10 месеци престој на студентите, плати за вработените и трошоци за функционирање на домовите.

Уделот во буџетот за платите на вработените е речиси двоно поголем од трошоците на ДСД за храна на станарите.

„Од склучени вкупно 193 договори за јавни набавки 67 договори се за обезбедување на храна, ако се земат предвид трошоците за овие 67 договори и бројот на станари во текот на 10 месеци, доаѓаме до просечна сума од 61 денар дневно која се издвојува за оброците на станарите.

Ако набавената храна се спореди со вкупниот број на корисници на студентските мензи доаѓаме до заклучок дека на секој станар му следуваат еден килограм свинско и 472 грама говедско месо месечно. 

Најголем дел од расходите на Владата во периодот кој се анализира се наменети за стипендиите за станарите, односно субвенционирани легла и исхрана,“ сподели Петар Барлаковски, истражувач и програмски координатор во МОФ

Најголем недостаток се забележува кај средствата и простории за учење како компјутери и читални.

Генерално станарите се незаинтересирани за начинот на работа на домовите. Животот во студентски дом го избираат токму поради ниската цена за домување, добивање на легло и оброци.

Станарите велат дека поради низок степен на грижа и одржување на хигиена од страна на станарите – домовите се наоѓаат во состојбата во која се, но од друга страна за ова значително придонесуваат ниските средства со кои располага ДСД.

Во истражувањето се вели дека 14 проценти од станарите не знаат каде да пријават корупција, која е постапката што треба да ја преземат иако се свесни дека треба, оние кои нема да пријават се плашат да не го изгубат леглото во студентскиот дом (15%) – што се јавува како главна причина за непријавување веднаш по оние 30% дека ништо нема да се промени дури и ако пријават.

„Државниот студентски дом треба да направи соработка со повеќе државни иституции затоа што не може како посебна институција да функционира без помош од други институции. Оваа година е особено важно ДСД да обезбеди фер избори на претставници на станарите за студентите конечно да имаат тело кое ќе ги претставува.

Треба да ги информира станарите за нивните права и можности за учество во донесување на одлуки како и да прави редовна годишна евалуација за да се има јасна слика за потребите на станарите кои ќе се вклучат во годишните програми за работа“, се вели во препораката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драстичен пораст на цената на маслата за јадење во време на пандемија

Редакција

Бектеши бара поддршка од ИВЗ и МПЦ за штедење струја

Редакција

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

Редакција