еМагазин
Image default
Локално

Крвав карамбол: Жител на Мала Речица со возило удрил во 10 пешаци

Еден потешко повреден и уште деветмина полесно повредени е последицата од инцидентот на локалниот пат во Горно Орашје, каде 61 годишен жител на Мала Речица удрел во 10 пешаци.

Настанот се случил околу 13 часот и 30 минути, а сите повредени се повозрасни лица од 46 до 76 години.

„М.Ј.(61) од Мала Речица, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во пешаците: А.В.(75) од с.Јажинце, И.З.(76) од с.Непроштено, Џ.А.(58) од с.Доброште, Р.А.(73), А.А.(67) Р.М.(55) А.А.(71) с.Орашје, Б.Н.(46) сите од Орашје, Ќ.М.(65) од с.Пршовце, и С.Џ.(60) од Тетово“, информира СВР Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот А.В, кој бил пренесен во Клиничката болница Тетово, додека со телесни повреди завршиле сите останати пешаци.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

30-годишно момче во скопски Аеродром се самоубило скокајќи од 12 кат на зграда

Редакција

Со метларка прегазил пешак на кружен тек во Скопје

Редакција

(Фото) Запленети близу 37.000 пиротехнички средства во Кичево, приведено едно лице

Редакција