еМагазин
Image default
Локално

Крвав крај на тепачка меѓу двајца во Скопје, нападнати и полицајци

На 26.07.2019 во 00.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Трипун Хаџи Јанев“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Н.(49) од Скопје и Д.К.(26) од Свети Николе, кои претходно биле заедно излезени, информира МВР.

Д.К. со остар предмет му нанел телесни повреди на Д.Н., по што побегнал. Д.Н. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана помош.

Подоцна, Д.К. сам се пријавил во Полициската станица Гази Баба и се пожалил на повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Таму, тој почнал да се однесува агресивно и физички нападнал полициски службеници. Потоа Д.К. е задржан во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Алармантно: Безмилосно се изловува охридската пастрмка во време на мрест и строга забрана за риболов

Редакција

Туризмот – двигател на економскиот развој на Крушево

Редакција

Скопје повторно ќе биде блокирано, ако не се реши проблемот на приватните автобуски превозници

Редакција