еМагазин
Image default
Локално

Крвава тепачка со ножеви меѓу ученици во Драчево

На 04.02.2019 година околу 09.20 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на ул. Китка во близина на Државното средно училиште „Браќа Миладиновци“ во населба Драчево настанала физичка пресметка меѓу ученици, а А.Б.. (17) од с.Вражале со нож му нанел повреда на Р.Д.(18) од село Батинци, скопско, информира МВР.

Р.Д. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а на А.Б. му била укажана помош во ЈЗУ Амбуланта Драчево. А.Б. е приведен во полициска станица, а повикани се и пет други ученици кои учествувале во физичката пресметка. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија во Гостивар: Дете почина, а жена е тешко повредена во пожар во зграда

Редакција

Кривична пријава за угостителски објект во Тетово за непочитување на прописите во епидемија

Редакција

Кавадарчанец баран од МВР приведен на граничниот премин Табановце

Редакција