еМагазин
Image default
Локално

Крвава тепачка во центарот на Скопје: Еден завршил на клиника со убодна рана

На 08.05.2019 година околу 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на крстосницата од булеварите „Климент Охридски“ и „Партизански Одреди“ неколку лица физички ги нападнале Д.Б.(18) од с.Агино село, кумановско и Д.Д.(18) од с.Јурумлери, скопско, информира МВР.

На Д.Б. со остар предмет му нанеле убодна рана и на него му е укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наставник од Македонски Брод на сила изнесол двајца ученици од училиште и едниот го повредил

Редакција

Внимателно при движење на Водно: Што доколку ви се појави дива свиња на некоја од планинарските патеки

Редакција

Хорор во Велес: Јa пречекал пред домот и ја силувал поранешната сопруга

Редакција