еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кулминација на превирањата во „Топлификација“: Судот одобри стечај, фрчат кривични пријави

Со решение IV СТ 125-18 на првостепениот суд, кое во текот на оваа недела беше доставено до Топлификација АД, прифатено е барањето на Битар Холдинг Лимитед за отворање стечајна постапка на Топлификација АД, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Топлификација АД во законски рок ќе вложи жалба до второстепениот суд на оваа одлука на првостепениот суд. Во стечајот на ТЕ ТО АД кој фирмата го поднесе сама на себе, а кој беше подржан од доминантниот сопственик на ТЕ ТО АД, Битар Холдинг Лимитед, се отпишаа побарувања на Топлификација АД од над 30 милиони евра потврдени со одлука на Врховниот суд на Република Македонија“,информираат од компанијата.

Оттаму додаваат дека барањето за стечај на Топлификација АД поднесено од Битар Холдинг Лимитед за долг од 1 милион евра, кои се искористени од ТЕ ТО АД и кои ТЕ ТО АД треба да и ги плати на Топлификација АД првостепениот суд го прифати не земајќи ги во предвид доказите презентирани во процесот.

„Во периодот од март 2018 година кога почна овие координирани активности на Битар Холдинг Лимитед, Топлификација АД поднесе кривична пријава до ОЈО и претставки до надлежните институции со докази за сериозни кршења на законите во овие постапки. Согласно информациите кои ги имаме надлежните институции постапуваат по претставките и ја испитуваат законитоста во овие постапки.

Топлификација АД ќе ги преземе сите правни можности да се спречи, преку оваа организирана и незаконска активност да се направат огромни финансиски штети на фирмата“, информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Лекот „дексаметазон“ може да биде спас за тешко болни пациенти од коронавирусот

Редакција

„Еуромакс Ресорсес“ поднесе тужба до Управниот суд поради проектот Иловица-Штука

Редакција

МАЛМЕД издаде одобрение за увоз на лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза

Редакција