еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Kултната „Книга за гробиштата“ од Нил Гејман пристигна на македонски

Издавачката куќа „Паблишер“ ја објави една од најпопуларните книги за млади од жанрот фантастика – „Книга за гробиштата“ од прочуениот британски автор Нил Гејман, познат во светот по големите бестселери „Коралина“, „Ѕвезден прав“, „Океан на крајот од патот“, „Американски богови“, како и по многуте филмски и телевизиски адаптации на неговите дела.

„Книга за гробиштата“ е најуспешното дело на Гејман, кое во иста година му ги донесе најпрестижните награди во САД и Велика Британија – „Хуго“, „Њубери“, „Локус“ и „Карнеги“ – како потврда за големото мајсторство на Гејман и неверојатната умешност како раскажувач со исклучително богата имагинација.

Книгата e волшебна приказна за љубовта и пријателството. Ник Овенс е обично момче кое живее на необично место – на старите градски гробишта. Таму е воспитуван и образуван од духови, под старателство на едно суштество кое не е дел ниту  од светот на живите ниту од  светот на мртвите.

Истовремено трагична, страшна, но и топла приказна чија тема за заедништвото и семејството ги обединува сите, без разлика на кој свет му припаѓаат. Со моќна порака и незаборавни ликови, ова е книга во која уживаат и помладите и повозрасните читатели кои веруваат во подобар свет и повозвишени идеали.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ругање со Христос“ награден на Меѓународниот филмски фестивал во Монтреал

Редакција

Здружението САНО ги објави добитниците на признанието „Пријател на децата во болница“

Редакција

НЛБ Банка ја проширува кредитната понуда со два нови кредитни продукти за правни лица наменети за стимулација на инвестициите

Редакција