еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кумановчанката со кариера во УБК имала невалидна диплома од Универзитетот за туризам и менаџмент

СВР Куманово до надлежното ОЈО Куманово поднесе кривична пријава против две лица – А.Д.(45) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторила две кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, како и против М.Ч.(48) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела  „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“.

„Исто така кривично пријавено е и правното лице Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Според документираните сознанија, првопријавената А.Д. која од 06.06.2012 година била вработена во  МВР – Управа за безбедност и контраразузнавање со завршен IV степен на образование, на 16.07.2013 година се запишала како вонреден студент во приватната високообразовна установа – Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје – економски факултет, и притоа не ги испочитувала бараните услови и доставила Пријавен лист за запишување – без датум и без потпис на кандидатот и одговорното лице, со што се стекнала со студентско досие“, соопшти МВР.

Оттаму додаваат дека за секој поединечен семестар требало да уплати сума од по 61.500 денари и да изврши заверка за да отпочне со полагање на испитите.

„Пријавената А.Д. првиот и вториот семестар ги заверила по завршување на студиската година (односно првите уплати ги направила после десет месеци од запишувањето и после пет месеци од полагањето на првиот испит), додека пак за целото студирање за завршените 30 испитни предмети уплатила вкупно 7.500 денари, иако вкупно требала да плати 377.500 денари, или уплатила вкупно 15.500 денари за сите студиски години.

Истовремено констатирано е дека полагањето на колоквиумите и испитите е регистрирано во работни денови, кога А.Д. била на работа и го почитувала работното време.

Така невалидно стекната диплома, А.Д. во повеќе наврати ја употребила како вистинска приложувајќи ја во МВР на РМ и пред комисии за распоредување и ситематизација на работни места, за унапредување во системот на кариера“, велат од МВР.

Второпријавениот, М.Ч., вработен во Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје на работно место Оперативен директор во Одделот за оперативни работи, одговорен за финансиските обврски на студентите, со намера на друг да му овозможи стекнување со противправна и друга корист, константно ја злоупотребувал службената положба и на А.Д. и овозможил на нелегален начин да се стекне со високо образование, односно и овозможил полагање на колоквиуми, испити и заверка на семестар и без извршена уплата, намерно не водење на личен картон за студентот, при што за  вкупно 389.500 денари го оштетил Универзитетот, велат од МВР.

Третопријавеното правно лице – Универзитетот за туризам и менаџмент – се сомничи за кривичното дело „фалсификување исправа“ согласно КЗ на РМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кумановчанка направила кариера во УБК со три години образование

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратениците од ЛДП, ДС и ДОМ со барање до Пендаровски да не го потпишува законот за правен статус на бесправно изградените објекти

Редакција

МВР го демантира градоначалникот Костовски за зголемениот број на напади врз малолетници во автобусот 57

Редакција

Зошто “исчезнаа“ податоците за заболени со Ковид-19 по скопските општини и други податоци за коронавирусот

Редакција