еМагазин
Image default
Локално

Кумановец со „Голф“ удрил во пешак, паркирано возило, метална ограда…

На 08.10.2018 година околу 07,00 часот било пријавено дека во Куманово на улицата „Тоде Думба“ патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со кумановски регистерски таблици, управувано од Н.Ѓ.(74) од Куманово, удрило во бетонски столб и метална ограда, потоа во паркирано патничко моторно возило „Сеат толедо“ со кумановски регистерски таблици, сопственост на Б.К.(37) и во пешак Т.А.(71) од Куманово, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Т.А. и Б.К., кои по укажаната лекарска помош во Општата болница во Куманово биле препратени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Н.Ѓ. се здобил со телесни повреди и укажана му била лекарска помош во Општата болница во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) На Ќафасан запленети 50 килограми марихуана

Редакција

Жена од Росоман по расправија со сопругот, го избодела со нож

Редакција

Татко си ја бара малолетната ќерка која побегнала со момчето

Редакција