еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Како се движи кумулативната инциденца спордено со Дебар: Куманово се поблиску до карантин

Владата вчера донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од синоќа во 21 часот до 5 часот во понеделник.

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната ќе важи секој ден во периодот од 16 до 5 часот.

Колку овие нови ригорозни мерки ќе помогнат да се стабилизира состојбата со ширењето на коронавирусот во Куманово, кој зададе и сериозен удар на здравствените работници во оваа место, останува да видиме, а во меѓувреме тамошните локални власти продолжуваат да бараат и оваа општина, како и Дебар да оди во карантин.

Според податоците во Куманово има вкупно 85 лица заболени со вирусот, од кои дури 23 беа регистрирани вчера.

Од централната власт пак се уште стојат на ставот дека моментално нема потреба од тоа.

Една од причините е кумулативна инциденца, која се уште е ниска споредено со таа во Дебар. Таа го покажува бројот на заболени со вирусот на 100.000 жители.

“Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 176,5 заболени на 100.000 жители, а во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 59,6 додека во Скопје инциденцата е 33,7 на 100.000 жители“, стои во анализата на податоците, објавени вчера, од страна на Инстититутот за јавно здравје (ИЈЗ).

Сепак ако се анализираат податоците кои по оваа основа се однесуваат на Куманово, се забележува константен раст на кумулативната инциденца. Имено, таа пред три дена изнесуваше 37,8, пред два дена 43,5…

Како изгледа истата по градови видете во мапата на ИЈЗ:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кај 108 лица од заболените со коронавирусот во Македонија присутни хронична и здравствени состојби

Голем раст: 52 здравствени работници во Македонија се заразени со коронавирусот

Сите детали: Најголем број од новозаболените со коронавирусот во Македонија се на возраст од 50-59 години

Во Скопје 208 лица заболени со коронавирусот, како изгледа мапата по скопските општини

Фото: Општина Куманово/Графика: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Супертрејд“ го доби тендерот на ЕСМ за набавка на светли деривати вреден 1,2 милиони евра

Редакција

Вработена во Поликлиниката Чаир позитивна на корона вирусoт, извршена дезинфекција на објектот

Редакција

„Тази датум не е датум“: Твитер реакции по средбата на Заев со Меркел

Редакција