еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кумановскиот градоначалник ги оспорува првичните тестови: „Не сум заразен од корона вирусот“

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска преку Фејсбук ја информира јавноста дека вчера заедно со сопругата почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и процедури направил тестирање на корона вирусот (Ковид-19) на сопствена сметка во неколку релевантни лаборатории во државата и дека тестовите се негативни.

„Денеска од епидемиолошката служба при ЦЈЗ Куманово побарав да ги разгледа резултатите од тестирањата, по потреба да го повтори тестирањето и под итно да достават барање за укинување на решенијата за самоизолација за мене и членовите на моето семејство и сите мои контакти посочени во епидемиолошка анкета.

Се надевам дека моето барање ќе биде итно разгледано и реализирано во рамки на процедурите, бидејќи покрај негативните тестови, здравствената состојба на мене и семејството е добра и не постојат никакви симптоми, ниту показатели на инфекција од Ковид-19, со цел да се вратам на секојдневните работни обврски и заедно со мојот тим во ОШЗС да продолжам со борбата против епидемијата во нашиот град и државата.

Ги отфрлам сите обвинувања околу наводната мојата позитивност, анатемата мора да се тргне.

Посакувам брзо закрепнување на сите мои граѓани кои во моментов се борат со болеста, а на сите останати да ги почитуваме мерките и да држиме социјална дистанца“, напиша Димитриевски.

Инаку, пред неколку дена Димитриевски беше во фокусот на јавноста откако владини функционери беа на состанок на Кризниот штаб во Куманово без да знаат дека градоначалникот бил подложен на тестирање и дека резултатите, кои сега се оспоруваат, беа позитивни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски заболен од корона вирусот

Министерот Филипче ќе остане 14 дена во самоизолација

Во самоизолација оди премиерот Оливер Спасовски

По вчерашната средба со Димитриевски: Филипче, Спасовски, Османи и Адеми најверојатно одат во самоизолација 

Фото: Фејсбук/Димитриевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во јули годишен раст од 11,1% на депозитите и од 5,8% на кредитите

Редакција

Одбележани 76 години од стрелањето на 12. младинци од Ваташа

Редакција

Обвинител наредил да се испита Ковид-19 кај починат тетовец

Редакција