еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски заболен од корона вирусот

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски информираше дека е заболен од корона вирусот.

„Сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги соѓраѓани помеѓу кои сум и јас.

Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против оваа заедничко зло, знам дека ќе го победиме, убеден сум во тоа, ве молам за воздржаност, нема простор за паника, барам од вас дисциплина, почитување на мерките и препораките за социјална дистанца.

Ве молам, од душа и срце ВЕ МОЛАМ, почитувајте ги мерките, избегнувајте ги блиските контакти, здравјето ни е најбитно, така ќе победиме сите.

Нема простор за паника, ОШЗС ќе продолжи со својата работа во борба против короната по препораките на епидемиолозите и стручните лица.

Чувајте ми се и мислете и на себе и на своите најблиски, мислете на сите околу вас, јас останувам со вас до конечна победа!,“ информираше тој на неговиот фејсбук-профил.

ПОВРАЗНИ ВЕСТИ

Османи оди во самоизолација, и покрај проценката на епидемиолозите дека бил заштитен

По вчерашната средба со Димитриевски: Филипче, Спасовски, Османи и Адеми најверојатно одат во самоизолација

Двајца функционери во Македонија досега позитивни на коронавирусот

Куманово го надмина Дебар: На 100.000 жители регистрирани 183,6 заболени од коронавирусот

Фото: Фејсбук/Димитриевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Беќаровски за причестувањето: Отворете ги кафеаните, таму барем даваат едно лажиче за еден гостин

Редакција

„Синтек инженеринг“ го доби тендерот за градежно-санациски работи на мост на Пчиња вреден 1,9 милиони евра

Редакција

„Неотел“ го доби тендерот на Царинската управа за набавка на телекомуникациски услуги вреден 200.000 евра

Редакција