Анализата на податоците за заболените од корона вирусот која на дневна основа ја прави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно 8. април, покажува нов раст на кумулативната инциденца во Куманово.
Кумулативната инциденца го покажува бројот на заболени на 100.000 жители и е една од причините зошто централната власт досега не дозволи затворање на Куманово, по примерот на Дебар, иако локалната власт постојано го бара истото.
„Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители е регистрира во Дебар со 176,5 заболени на 100.000 жители, во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 100,2, додека инциденца над 30 на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Кочани, Штип, Прилеп, Крушево и Струга“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
До 7. април, кумулативната инциденца во Куманово беше 91,1, до 4 и 3. април, според податоците на ИЈЗ, беше 65,2.
Како изгледа состојбата по другите градови погледнете на мапата:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
206 лица од заболените со коронавирусот во Македонија без симптоми
25 лица од новозаболените со коронавирусот имале контакт со потврден случај, 6 неодамна патувале
Детален преглед по градови: 30 починати и 633 заболени од коронавирусот во Македонија
Голем раст: 82 здравствени работници во Македонија позитивни на коронавирусот
Фото: Општина Куманово/Табела: ИЈЗ