еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Купената облека и обувките наместо во бутик ќе ги пробуваме дома

Облеката која ќе ја купите нема да може да ја пробувате во продавница, туку дома, стои во протколот за отварањето на затворените молови во Македонија, кои почнаа со работа од вчера.

Оваа правило ќе важи за сите бутици, каде и да се лоцирани.

„Тоа го правиме за да се заштиме и ние вработените, но и да ги заштитиме нашите купувачи. Затоа облеката која ќе ја купуваат граѓаните ќе ја пробуваат дома. Доколку сакаат да ја вратат истата откако дома ќе ја пробат, нивните пари ќе бидат вратени.

Ние секоја вратена облека ќе ја дезифинцираме“, објаснуваат за еМагазин од неколку бутици во најпромениот затворен мол во Скопје, Сити мол.

Од таму велат дека истите правила ќе важи и за обувките.

Новина е и тоа што во дел од тамошните бутици повеќе нема да има тастери за парфеми.

Затворените молови за сега ќе работат со скратено работно време, од 10 до 18 часот, а ќе бидат затворени во недела.

Лицата пак над 65 години ќе бидат ограничени односно ќе можат да пазаруваат до 12 часот.

Вработените во моловите, како и на сите други места, задолжително треба да носат заштитни маски и ракавици, а купувачите само заштитни маски. Помеѓу купувачите и продавачите треба да има физичко растојание до два метри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пред да влеземе кај стоматолог ќе ни мерат температура, а ќе потпишуваме и согласност за интервенција

Сите детали: Каков ќе биде протоколот за спортските тренинзи

Сите детали: Моловите се отворија, каков ќе биде протоколот за работа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одлуките стапија на сила: Цената на горивата ќе се намали утре, а на храната во наредните денови

Редакција

Министерство за образование и наука склучи договор со Хилдин комерц вреден 1,9 милион евра

Редакција

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Редакција