еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Латас и неговите браќа прогласени за невини, трошоците за судската постапка ќе ги плати државата

Во Кривичниот суд денеска беше соопштена пресудата за случајот „Тревник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во кој беа обвинети Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан.

Судот ги прогласи за не виновни и тие се ослободуваат од обвинение за бесправо градење, бидејќи не сториле кривично дело според закон.

“Имајќи ги предвид сите изведени докази советот донесе одлука дека се ослободуваат од обвинение. Делото за кое се обвинуваат не е кривично дело“, рече судијката Марија Клетничка Марковски.

Според судот од суштествено значење било што никоја од институциите не реагирала дека се градат дивоградби и дека според законот за градење, градежниот инспекторат е надлежен за контрола и инспекциски надзор, и доколку не се почитува законот предвидени се соодветни санкции за инвеститорот и изведувачот.

“Во конкретниот случај не постои ниту една претставка од граѓанин или институција дека постои безправна градба, што кажува дека немало интерес од јавноста. Дополнително градбата е запишана во катастар на недвижнини и притоа никој не го оспори тоа„, рече судијката.

Трошоците за судската постапка ќе ги плати државата, а СЈО има право првостепената одлука да ја обжали пред Апелациониот суд.

Што пишува во обвинението за „Тревник“

Според обвинението на СЈО, Латас и неговите браќа изградиле три викендици во Општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без одобрение за градење.

Латас изградил викендичка од 317 квадратни метри, а неговите браќа викендички со квадратура од 130, односно 104 квадратни метри.

Во прибавените докази на СЈО, меѓу кои и сателитски снимки, вештачење, како и останата документација, овие три викендици биле започнати со градење во 2011 година, а одобрение за нивно градење од општината е добиено во 2013 година кога веќе биле и завршени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЈО ќе поднесе жалба за пресудата за Латас и неговите браќа

Фото: ТВ Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото-вест) Настан каде можете да купите вистински мед: “Пролетни медени денови“ во Скопје

Редакција

Мицкоски бара формирање на ковид комисија и што поскоро полициски час

Редакција

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на „Водостопанство“ за набавка на 14 теренски возила и една лимузина

Редакција