еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Латас поднесе оставка од местото главен и одговорен уредник на „Сител“, поради притисоци

Главниот и одговорен уредник на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ Латас денеска преку соопштение информираше дека поднесува оставка од позицијата.

„Оставата ја поднесувам со цел – заштита од понатамошни притисоци кон мене како новинар и кон медиумот во кој работам“, вели Латас.

На оваа функција во ТВ Сител Латас беше од мај 1997 година до денес.

„За тој период ТВ Сител израсна во водечки медиум во Македонија, препознатлив по својот стил, со свој карактер и школа од која излегоа најголем дел од денес релевантните новинари во државата, каде е создадена семејна атмосфера на соработка исполнета со меѓусебна доверба, заедничка посветеност на работата и професионалните стандарди. За тоа време ТВ Сител изгради свој идентитет забележан и почитуван не само во Македонија, туку и во регионот.

Како новинар со најголема продукција меѓу денешните професионални новинари, со пет награди за новинар на годината и внимание добиено од публиката и јавноста благодарен сум на ТВ Сител за укажаната можност како главен и одговорен уредник да предводам медиум и тим со кој се гордеам.

ТВ Сител е мое животно дело, трага која е неизбршлива и секојдневно видлива.

Продолжувам со својот професионален ангажман во ТВ Сител и понатаму, како новинар и како Извршен продуцент кој има задача да се грижи за создавање и продукција на сопствената програма на ТВ Сител.

На своите соработници, а ги имало преку стотина, за изминатите 22 години на функција одговорен уредник на ТВ Сител им благодарам за секој час поминат со нив, за соработка без ниту еден лош збор и ниту една неостварена заедничка идеја и проект.

Очекувам дека така ќе соработуваме и на новите работни задачи и проекти, а дека публиката и јавноста ќе ни ја даде својата поддршка, како и до сега“, се наведува во соопштението од Латас.

Фото: ТВ Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Силјановска во кампања најде време и за готвење, го сподели и рецептот

Редакција

Владата до 31 мај ги ограничи трговските маржи на основните прехранбени производи

Редакција

Бугарија ја отфрли преговарачката рамка, се чека напредок на билатерално ниво меѓу Скопје и Софија

Редакција