еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лавров: Русија не е против договорот меѓу Македонија и Грција, спорен е правниот легитимитет на процесот

Русија не е против новото име на Македонија, ниту против договорот меѓу Грција и Македонија околу името, туку прашува колку овој процес е легитимен, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на денешната прес конференција во Москва на која ги претстави резултатите од работата на руската дипломатија во 2018 година.

На прес-конференцијата Лавров рече дека Русија го поставува прашањето во која мера договорот за името на Македонија е резултат на стремежите на двете земји и народите на двете земји да најдат решение и компромис, а во која мера е резултат на “заложбите на САД сите земји на Балканот да ги бутнат во НАТО”, што е можно поскоро и да се запре секое влијание на Русија во регионот.

Според Лавров, името на Македонија не било решено на ниво што го бара Уставот на Република Македонија.

Лавров истакна дека начинот на кој беше договорено новото име Македонија има тенденција на САД и неговите блиски сојузници место почитување на меѓународното право да се користи “сет од правила”.

„Место правен пристап, што подразбира донесување на закони што ќе бидат потпишани од страна на претседателот на Република Македонија, се применува неправен пристап, туку пристап на правила. Измислено е правилото, според кое, покрај Уставот на Република Македонија, решението да може да биде потпишано на ниво на министер, а не на ниво на претседателот“, рече Лавров.

Според него, целта на овој пристап е тоа што сите земји на Балканот, што е можно поскоро да се натераат во НАТО, со помош на “НАТО-центрични правила “.

Рускиот претседател Владимир Путин и шефот на дипломатијата Сергеј Лавров утре доаѓаат во еднодневна посета во Белград.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Референдумот за промена на државното име на Македонија не успеа, но надворешниот притисок продолжи

Русија не се откажува преименувањето на Република Македонија да го разгледува Советот за безбедност на ОН

Грција очекува Русија да го употребува новото име за Македонија – Северна Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Микробиологот Пановски со објаснување за тоа што е заболен, а што заразен со Ковид-19: Зошто со само еден брис од носот и се пишува заболен

Редакција

Судот одобри куќен притвор за Јанакиески, Ристовски останува во затвор

Редакција

Поради пожар кај трафостаницата во Пинтија, поголем дел од Скопје остана без струја

Редакција