еМагазин
Image default
Македонија

„Ле Монд“: Проширувањето на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е блокирано од Франција, Германија и Холандија

Проширувањето на ЕУ кон Балканот е блокирано од Париз, Берлин и Хаг, под овој наслов париски Ле Монд ја објаснува одлуката на 28-те земји членки за одложување на одлуката за преговори до октомври оваа година, јавува дописникот на МИА.

Северна Македонија и Албанија, признати кандидати за влез во Европската унија, уште ќе чекаат, дури и ако вратата што се надеваа да се отвори оваа пролет требаше само да доведе до првите преговори.

Франција, Германија и Холандија, во вторникот, 18 јуни, во Луксембург не го одобрија принципот за отпочнување на пристапни преговори, што би имало големо симболично значење за нив. Ова бара едногласност од дваесет и осумте земји членки на ЕУ, пишува париски „Ле Монд“.

-Прашањето за проширувањето на ЕУ со шесте земји од Западен Балкан останува прашање на поделби меѓу земјите-членки и тие можната одлука ја оставија до октомври. Истовремено усвојувајќи дваесет и две страници на заклучоци за проширувањето и предусловите за сите кандидати, пишува „Монд“.

Во 2018 година, земјите кои беа против отворањето на преговорите повикаа на загриженоста во однос на корупцијата, борбата против организираниот криминал и почитувањето на владеењето на правото во Северна Македонија и Албанија. Меѓутоа, пред две недели, Европската Комисија даде позитивно мислење за овие прашања по проценката на напредокот што го постигнаа Скопје и Тирана.

Неодамна, претседателот на Комисијата, Жан-Клод Јункер повика „да не се игра со овој трагичен регион“, кој доживеа крвави конфликти, сепак, тој призна дека договор за старт на преговорите во Луксембург е неверојатен. Бидејќи националните парламенти мораа да одлучуваат, и бидејќи, како што рече тој, промената на позицијата на Франција и Германија е „невозможна мисија“.

Бундестагот, всушност, сé уште не го одобри отворањето на преговорите, овозможувајќи им на колебливите земји-членки да се засолнат зад тоа.

Холандскиот парламент ја отфрли идејата за каква било одлука за Албанија во 2019 година.

Што се однесува пак до Франција, нејзината линија е: „Нема проширување без претходно зголемување на интеграцијата на Унијата. И без испитување во однос на нејзиниот „капацитет за апсорпција” и за стратегијата во однос на балканските земји: како да ги „поврзе” во Европа без притоа да им се ветува членство?„, објаснува угледниот париски весник.

Притоа „Ле Монд“ ја дава позицијата на Француската дипломатија. Нагласува дека најсилните  поддржувачи на проширувањето се Унгарија, Полска и Италија, кои се предводени од популистички партии кои се залагаат за дезинтеграција или, во секој случај, слабеење на институциите на ЕУ, и кои, исто како и Лондон порано, се залагаат за доаѓање на нови членки како корисна алатка за нивните цели.

Според „Ле Монд“, поддржувачите на Скопје и Тирана побараа почеток на разговорите за пристапување и почитување на „кредибилитетот на политиката на проширување”.

Тие, исто така, зборуваа дека тоа е „важен мотивирачки елемент за целиот регион” и за потребата ЕУ да ја зајакне отпорноста на овие земји на „негативен притисок од други актери”, алудирајќи, меѓу другите, и на Русија.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема правда, нема датум, нема ЕУ

Твитот на Антонио Милошоски за датумот за преговори со ЕУ ги „запали“ социјалните мрежи

ЕУ експерти: Одлагањето на датумот за Македонија е грешка која не смее да се повтори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.198 нови случаи на Ковид-19 од 3.081 тестирања

Редакција

Боки-13 на судењето за „Меѓународен сојуз“: Мицески и Амзоски не се мали деца за да бидат измамени

Редакција

(Фото) МВР и Амбасадата на САД спроведоа тактичка вежба „Лебед 2023“

Редакција