еМагазин
Image default
Македонија

Лекари од Судска медицина и балистичари ќе даваат исказ за „Монструм“

Ново рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, ќе биде одржано денеска во Кривичниот суд. Вкрстено ќе бидат испрашувани лекари од Судска медицина и балистичари.

Семејствата на убиените момчиња и рибарот најавија дека нема да присуствуваат на денешното рочиште, зошто тоа е многу болно за нив и не ќе може да ги следат исказите.

На претходно рочиште сведочеа вешти лица од МВР, кои вршеле анализи и испитувања на предметен материјал.

Случајот „Монструм“ во февруари годинава почна од почеток и се уште се наоѓа во доказна постапка.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите и случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство прибира снимки од граничните премини, од пред зградата на Груевски и собира податоци за неговите сметки

Редакција

Прободен затвореник во Идризово

Редакција

Пратеникот на ДУИ и основач на „Пуцко петрол“, Исмаил Јахоски позитивен на Ковид-19

Редакција