еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Лекарите се нашите херои и мора да бидат соодветно заштитени против коронавирусот

Сознанието дека персоналот од амбулантата од Дебар е позитивен на корона вирусот треба да биде аларм за надлежните и за сите здравствени работници.

Од денеска амбулантата е под карантин две недели, што секако не треба слика која ќе се повтори и во останатите здравствени установи во услови кога се разгорува заразата од коронавирусот.

Затоа, Министерството за здравство мора да обезбеди соодветна опрема, која освен ракавици и маски, треба да вклучува и скафандери и очила, бидејќи вирусот може да се пренесе и преку очите.

Дополнително, Министерството мора да им нареди на лекарите и останатиот медицински персонал строго да се придржуваат на заштитините мерки.

Имено, Македонија мора на учи од грешките во Кина каде не беше мал бројот на лекари кои помагајќи им на пациентите се заразија од болеста.

За разлика од Кина, која е огромна земја која во секој момент има можност да обезбеди медицински екипи од различни региони, кај нас опасноста од ширење на вирусот меѓу лекарите може да биде кобна, бидејќи Македонија има ограничени ресурси здравствени работници.

Во овој момент, лекарите, медицинските сестри и сите останати здравствени работници се нашите херои и затоа не можеме да дозволиме да не бидат соодветно заштитени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Персонал од амбулантата во Дебар позитивен на корона вирусот, објави докторот Арбен Аголи

Прво обвинение за одбивање на самоизолација поради корона вирусот: Парична казна за жител на Дебриште кој се вратил од Германија

Корона вирусот пристистигна и во Црна Гора

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сакаш да се вработиш во МЕПСО: Во Златна книга 11 фирми што вршат обуки за фризери

Редакција

(Видео) Ослободителна пресуда за Елизабета Канческа Милевска во „Тендери“

Редакција

Бугарија ќе ја одложи таксата за транзит на руски гас низ нејзина територија

Редакција