еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лекарска комора побара од Судот на честа за привремено или трајно одземање на лиценцата за работа на Нина Цаца Биљановска

Извршниот одбор и Комисијата за етички и правни прашања на Лекарската комора денес одржаа вонредна седница на која се расправаше  за етичкиот аспект на однесувањето на д-р Нина Цаца Билјановска, која откако се вратила од Италија, спротивно на препораките, продолжила со извршување на работните задачи и цела недела одела на работа, информираат од Лекарска комора.

„Лекарската комора остро ја осудува постапката и однесувањето на д-р Нина Цаца Биљановска, поради тоа што со непочитување на препораките за домашна само изолација, кои важат за сите граѓани кои доаѓаат од високо ризични земји за пренесување на корона вирусот, предизвикала морално-етичка и правна одговорност.

Етичките принципи на хуманост и почитување на личноста и животот го обврзуваат докторот на медицина со своето однесување да води грижа, а не да им наштетува на своите колеги и пациенти, како и да биде спремен да преземе одговорност за своето постапување, не само спрема пациентите и колегите, туку и спрема заедницата во целина.

Извршниот одбор и Комисијата за етички и правни прашања на Лекарската комора согласно законските прописи и подзаконските акти, донесоа одлука да се изрече јавна опомена на д-р Нина Цаца Биљановска и побараа да се поведе постапка пред Судот на честа при Лекарската комора, кој како единствен независен и надлежен орган на Комората да расправа за одговорноста на лекарите за сторена повреда на Кодексот на медицинската деонтологија и да носи одлуки за евентуално привремено или трајно одземање на лиценцата за работа,“ се додава во соопштението.

Лекарската комора уште еднаш апелира до докторите на медицина и до сите здравствени работници да се однесуваат како што доликува на докторската професија професионално, одговорно и разумно, како и во целост да ги почитуваат дадените препораки, упатства и насоки од Владата со цел да се заштити здравјето на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска

„Докторката која не се грижеше за сопственото здравје“: Твитер реакции за директорката Нина Цаца Биљановска

Лекарска комора: Постојат институции кои за докторката ќе се погрижат според Кривичен закон, ние даваме опомени

Лекарската комора не може да ѝ ја одземе лиценцата за работа на директорката на Клиниката за кожни болести

Фото: Дерматологија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На неколку часа исчезна бизнисменот Штерјо Наков, па беше пронајден во Орешани

Редакција

„Да не ги помилуваа 300 години ќе беа“: Твитер за пресудите за 27 април

Редакција

Италија забрани туристички патување за македонските граѓани, ја премести Македонија од Д во Е листата

Редакција