еМагазин
Image default
Македонија

Лекот на „Фајзер“ е во фаза на клиничка студија и затоа засега нема да се набавува кај нас, вели Филипче

Разговаравме со претставниците на компанијата „Мерк“ за новиот антивирусен лек. Тоа е антивирусен лек со кој компанијата е најнапред отидена со студиите, кои практично се завршени.

Освен оваа, и компанијата „Фајзер“ развива ваков антивирусен лек. Станува збор за лекови кои никако не ја менуваат вакцината, туку може да се дадат по дијагностицирање на болеста со соодветна индикација и кои се уште не се одобрени, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

При тоа, посочи тој, за лекот на „Мерк“ се завршени клиничките студии и Американската агенција за лекови на 30 ноември треба да има состанок на кој ќе го каже ставот во однос на дозволата за употреба.

– Ние на некој начин изразивме интерес за да има некаква форма на пререзервација на одредени количества за нашите пациенти во најкраток можен период, откако ќе завршат сите административни процедури. Клиничките студии на овој ист тип лек од компанијата „Фајзер“ не се се уште завршени.

Веројатно ќе завршат во следните неколку недели, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

99 граѓани вакцинирани со трета доза биле позитивни на Ковид-19, нема хоспитализирани

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аеродром има над 700 активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопските општини

Редакција

Се брза со реализација на Преспанскиот договор: Како гласи новата ознака на споменикот на Александар Македонски?

Редакција

Хан: Не ми се допаѓа ПЈРМ, би сакал да ви се обраќам со Северна Македонија

Редакција