еМагазин
Image default
Локално

Леш од мачено куче пронајдено во Стојаково

На 21.07.2019 во 11.40 часот во Полициска канцеларија Богданци, Н.Р.М (41) – адвокат од Здружение за заштита на животни „Анима мунди“, пријавила дека на излез од село Стојаково, општина Богданци било пронајдено починато куче кое имало видливи траги на мачење по телото, информира МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарка посредувала при проституција во Тетово

Редакција

Тетовец фрлил хероин и нападнал полицајци кои сакале да го легитимираат

Редакција

Трагедија: Во Брегалница се удави 14-годишно момче

Редакција