еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Лесно се посегнува по оружје: Ладнокрвните убиства стануваат секојдневие

Едно лице е застрелано ноќеска пред полноќ во угостителски објект во Тетово, што е трето ладнокрвно убиство во изминативе неколку дена во нашата земја.

Убиството во Тетово се случило околу 23.50 часот откако на маса во објектот заедно седеле пет лица, консумирајќи алкохол. Во еден момент, сторителот извадил пиштол, го репетирал и застрелал едно од лицата.

Претходно, на 02.03.2019 година околу 02 часот во СВР Скопје прјавено е дека во Клиничка болница „Систина“ од страна на С.Т. (24) од с .Шишево биле донесени со повреди А. А. (20) и Г. А. (36), сите од с.Шишево.

Според пријавеното, тројцата се движеле со возило „БМВ“, а пред нив се движело возило „Мерцедес“, управувано од Е.Ш. од с.Шишево, со кого претходно имале расправии.

На влезот во с.Шишево возилото „Мерцедес“ застанало до патот,а по него запрел и Г.А., кој го управувал возилото „БМВ“. Е.Ш. и Г.А. излегле од возилото и почнале да се расправаат, по што Е.Ш. со пиштол пукал кон Г.А., а потоа и кон А.А.. С.Т. ги пренел А.А. и Г.А. во болницата „Систина“, каде А.А. починал.

На 28.02.2019 околу 19 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека истиот ден околу 18 часот на локалниот пат село Делогожда-село Поум, на место викано „Кодра бум“ У.В.(22), управувајќи патничко возило „Голф“ со струшки регистарски ознаки, бил пресретнат од патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(46) од село Поум, во кое бил и неговиот син З.Б.(23).

Според пријавеното, В.Б. и З.Б. излегле од возилото и со секири тргнале кон У.В. со кого од порано имале нерасчистени односи. У.В. испукал повеќе куршуми и ги погодил З.Б.и  В.Б., по што заминал од местото и се пријавил во Полициската станица Струга.

Од случајни минувачи повредените биле пренесени во Медицински центар Струга, каде кај З.Б. била констатирана смрт, додека В.Б. бил задржан на лекување. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Убиено едно лице во угостителски објект во Тетово

Притвор за уште две лица за убиството во Поум, Струшко

Пукање во струшко Поум: Убиено 23-годишно момче, повредено уште едно лице

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како се роди македонската Армија која денеска го слави 31. роденден

Редакција

Пациент од Пробиштип избегал од штипската модуларната болница, по еден час пронајден мртов во околната уличка

Редакција

Влада и осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ: Заеднички постигнавме договор со кој се обезбедуваат најмалку 80 пратеници

Редакција