еМагазин
Image default
Е-излог ТОП СТОРИИ

LEVI’S®и Џастин Тимберлејк ја објавуваат соработката за 2018 година

Levi’s® денес ја најавува соработката со десеткратниот добитник на Греми награда и актер, Џастин Тимберлејк. Заедничката колекција наречена „Fresh Leaves“ е модерно видување на легендарните парчиња на Levi’s инспирирано од музиката на Тимберлејк.

Колекцијата „Fresh Leaves” ќе биде достапна почнувајќи од октомври во селектирани продавници, меѓу кои и Levi’s во Skopje City Mall.

„Како симбол на автентичното изразување, Levi’s отсекогаш го носеле музичари со оригинален стил, како и нивните фанови низ светот. Џастин го претставува автентичниот дух на брендот и ние сме горди да бидеме партнери со него во оваа колекција,” вели Џенифер Сеј, извршен маркетинг директор на Levi Strauss & Co.

Името „Fresh Leaves” доаѓа од концептот на Тимберлејк кој остава свој печат и дава своја интерпретација на безвремените парчиња кои ќе останат за генерациите што доаѓаат. Тимберлејк работеше со дизајн тимот на Levi’s на преработка на класичните парчиња – познатите модели, бои, принтови и силуети сега доаѓаат во нов, освежен изглед.

„Облеката е важна за креативниот процес на музичарот и за настапите исто како и музката. Оваа колекција во соработка со Levi’s е мој обид да споделам дел од искуството со моите обожаватели”, вели Тимберлејк.

Џастин во партнерство со дизајн тимот на Levi’s® создава ексклузивна колекција за мажи која почива на идејата да се спои препознатливото со неочекуваното.

„Искористивме класични материјали како платно, фланел, тексас и карирани дезени и додадовме елементи од уличната мода и современи детали”, вели Карин Хилман, директор на производство во Levi Strauss & Co.

Капсулната колекција вклучува и нови производи како 501 слим фармерките, додаток во фамилијата на 501 моделот, како и „Тrucker” јакната која е печатена со новата ласерска дигитална технологија Project FLX.

Ова не е прва соработка на Тимберлејк со Levi’s – за 50 годишнината на познатата Trucker јакна на брендот, тој е поканет да учествува во нејзиното персонализирање, а тогаш е создадена и мини колекцијата од јакни и кошули.

ЗА LEVI’S®

Брендот Levi’s® е епитом на класичниот американски стил. Од нивното појавување во 1873 година, фармерките Levi’s стануваат најпрепознатливото и најкопираното парче овлека во светот- задржувајќи ја фантазијата и лојалноста на многу генерации. Денес, портфолиото на брендот продолжува да се зголемува преку иновативност неприкосновена во индустријата за облека. Производите на Levi’s се достапни во 110 земји овозможувајќи им на луѓето околу светот да го искажат својот личен, уникатен стил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бовин, првата приватна винарија во Македонија прослави 20 години

Редакција

И Коѕијас објасни зошто на референдумот немаше цензус, но и дека истиот не е услов

Редакција

Трајче Стафилов: Македонија има европско законодавсто за заштита на животната средина, но потребна е поголема контрола на неговата примена 

Редакција