еМагазин
Image default
Македонија

Левица и даде подршка на Силјановска

Президиумот на Левица, на синоќешната вонредна седница (2 мај 2019), одлучи да ја поддржи професорката Гордана Силјановска Давкова како кандидат за претседател на Република Македонија, информираат од таму.

„Силјановска ја сметаме за атипичен претседателски кандидат. И покрај нашите несогласувања по одредени прашања, знаеме дека таа е изградена личност со неспорен кредибилитет, која што ефикасно ќе се спротивстави на политиката на коалиционата двојка СДСМ-ДУИ, личност која ќе се води по принципите на правото, правдата и етиката и нема да дозволи компромитација на својот интегритет.

Нашата поддршка за Силјановска да стане првата жена претседател на Републиката е строго персонална, а никако про-вмровска! Дотолку повеќе што повмровски кандидат во случајов е токму Стево Пендаровски кој беше портпарол во првата вмровска влада на Љубчо Георгиевски, а потоа и советник во кабинетот на Борис Трајковски.

Нашата соработка со професорката датира уште од времето на Професорскиот пленум, па оттука оваа наша поддршка ја сметаме за принципиелна и критична. Секој гласач на проф. Силјановска мора да ја држи за збор, будно да го следи секој нејзин чекор и да ѝ помогне да не потпадне под влијанието на големите партии СДСМ – ДУИ – ДПМНЕ. Нам сега ни треба реализирана и принципиелна личност за претседател, која нема да биде обична марионета, туку мудро ќе ги користи своите уставни овластувања со цел да не дозволи тотална власт на само една партија.

Во очи на вториот решавачки круг од Претседателските избори, разбираме дека е тешко да се партиципира во политичките збиднувања инструментализирани од власта, но токму сега мораме да ги смириме страстите и да размислуваме со ладна глава. Колку и да се чини оправдан гневот против корумпирани елити, сепак на овие избори – каде бираме личност, а не партија – бојкотирањето ќе биде само во корист на властодршците и ќе овозможи актуелниот собраниски спикер да биде ВД претседател.

Груевизмот, како стадиум на изедначување на партијата со државата, е на раб да се повтори во заевизам – како автократски модел на владеење. Наша задача, како автентична левичарска партија, е да застанеме на патот на оваа забегана влада во нејзините намери да го доуништат и онака климавиот суверенитет на Републиката и да ја престорат во слуга на империјалните интереси„, велат од Левица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарите се налутија оти ја споредуваме нивната политика кон Македонија со таа на Русија кон Украина

Редакција

Заев се уште го држи оптимизмот дека Груевски ќе биде екстрадиран

Редакција

Денеска објава на пресудата за случајот „Кампања“, во која е обвинет Љубе Бошкоски

Редакција