еМагазин
Image default
Бизнис

„Либерти“ го завршува големото преземање на капацитетите за челик на „АрцелорМиттал“ во Европа, помеѓу кои и валавниците во Скопје

„Либерти Стил“, дел од глобалната „ГФГ Алијанса“ на Санџив Гупта, денес го заврши преземањето на седум клучни капацитети за челик и пет сервисни центри од „АрцелорМиттал“ во седум земји од Европа.

Договорот во вредност од 740 милиони американски долари го прави „Либерти Стил“ еден од десетте најголеми производители на глобално ниво, со исклучок на Кина, со вкупен капацитет на валање од над 18 милиони тони кој покрива широк асортиман на готови производи од челик.

Ова е најголемата еднократна трансакција преземена од страна на ГФГ со што бројот на вработени во Алијансата достигнува до речиси 30 илјади во вкупно 30 земји.

Седумте капацитети, кои денес станаа дел од „Либерти“, вработуваат над 14 илјади луѓе и ги вклучуваат најголемите интегрирани фабрики за производство на челик како таа во Острава во Република Чешка, Галати во Романија, валавниците во Скопје (Република Северна Македонија), Пјомбино (Италија), Дуделанж (Луксембург), како и две фабрики во близина на Лиеж во Белгија. Сервисните центри се наоѓаат во Франција и Италија.

Овие фабрики, со комбиниран капацитет на валање од над десет милиони тони на годишно ниво, обезбедуваат челик за повеќе сектори во главните индустриски центри во Европа, како на градежна индустрија, автомобилска и аеро-вселенска индустрија, енергетика, производство на индустриска опрема, производи за широка потрошувачка и градежна механизација. „Либерти Стил“ има за цел да ја зголеми продажбата од овие фабрики за околу 50% во текот на следните три години.

Денешното соопштение го означува почетокот на деталниот преглед во времетраење од 100 дена во текот кои „Либерти Стил“, заедно со локалното раководство, синдикатите, клиентите и добавувачите ќе изврши една сеопфатна анализа на компаниите со цел да ги истражи можностите за инвестирање и да изготви детални планови за зголемување на конкурентноста, проширување на производниот асортиман со цел раст на продажбата.

На среден рок, „Либерти“ ќе ги истражува можностите за производство на висококвалитетен челик со пофлексибилен производствен профил.

Како дел од глобалната коалиција на индустриски претпријатија, овие капацитети ќе им се приклучат на движењата на „Либерти Стил“ и на „ГФГ ГРИНСТИЛ“ за создавање на економски и еколошки одржливи бизниси кои се засноваат на методите на производство со ниска емисија на јаглероден диоксид.

Саџив Гупта, претседателот на извршниот одбор на ГФГ изјави: „Ова е возбудлив и важен момент на ГФГ приказната. Многу сме горди што имаме можност да им посакаме добредојде на илјадници квалификувани и посветени работници во семејството на ГФГ. Нѐ радува можноста да работиме заедно во создавањето на една светла и одржлива иднина за нашата групација и индустријата. Овие бизниси го формираат клучот на нашата светска стратегија, во градење одржлив бизнис со челик, со целосно интегриран систем на вредности, од суровини до финални производи со висока вредност кои се дистрибуираат во целиот свет.”

Џон Болтон, директор за развој на глобалниот бизнис во „Либерти Стил“ додаде: „Овие капацитети се добро позиционирани, работат ефикасно со конкурентни трошковни структури и наша намера е да ги надградиме овие цврсти темели со комбинација на паметни инвестиции, измени во производствениот профил и остварување синергија со нашата поширока група.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Либерти“ се вбројува во топ десетте производители на челик на глобално ниво, со исклучок на Кина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок-трансакција продадени акции од НЛБ Банка за 30,4 милиони денари

Редакција

„Алкалоид“ лани со инвестиции од 1,5 милијарда денари и 210 нови вработувања

Редакција

Се укинуваат царините за медицинските помагала и потрошниот медицински материјал

Редакција