еМагазин
Image default
Локално

Лице од Тетово пронајдено мртво на Самоилова тврдина

Повозрасен маж од Тетово вчера е пронајден мртов на Самоиловата тврдина во Охрид.

Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој посочи дека кај лицето не се забележани траги на насилство и оти се работи за природна смрт.

– По барање на Јавен обвинител ќе биде направена обдукција врз телото на починатиот, изјави Димоски.

По пријава на граѓани веднаш на местото пристигнала екипа на Брзата помош, која констатирала смрт.

Според првичните информации, станува збор за лице на околу 60-годиншна возраст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанка пријавила дека сосед физички ги нападнал нејзините деца

Редакција

Отворена средба на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со граѓаните и локалните институции во Берово

Редакција

Млад скопјанец го пронашол мртов синот во својот дом

Редакција